Русија го повика својот амбасадор во САД на консултации во Москва, откако американскиот претседател, Џо Бајден, рече дека верува оти неговиот руски колега, Владимир Путин, „убиец“.
Руските власти истакнуваат дека сакаат да спречат „неповратно влошување“ на односите помеѓу двете држави.
Рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, е повикан да дојде во Москва на консултации со цел да се анализира што треба да се направи и во кој правец да се оди во однос на односите со САД, соопштија од руското Министерство за надворешни работи (МНР).
Бајден, синоќа во интервју за телевизијата „Еј-Би-Си Њуз“ на прашање дали смета дека Путин е убиец одговори: „Да, сметам дека е“.
Прашањето следува по федералната истрага за сајбер напади поврзани со Русија и разузнавачки извештаи за поврзаноста на Кремљ со мешање во изборите преку Интернет.
Американскиот претседател рече и дека наскоро јавноста ќе види за цената која ќе ја плати Русија за мешањето во изборите и додаде дека за време на телефонски разговор во јануари го предупредил Путин за можниот одговор.
Долго разговаравме и му реков дека го познавам и оти тој ме познава мене. Ако утврдам дека се случило такво нешто ’биди спремен‘, рече Бајден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.