Руското Министерство за надворешни работи издаде предупредување за своите граѓани во Франција во врска со можни немири во Париз на 3 август, што може да бидат предизвикани од нов протестен митинг на „Жолтите елеци“, пренесува ТАСС.
„На 3 август во 9 часот (10 часот по московско време) на Елисејските полиња во Париз се одржува протест на ‘Жолтите елеци’. Можни се зголемено обезбедување, блокади на патиштата и улични немири“, пишува во објавата на „Твитер“.
Протестите во Франција почнаа на 17 ноември 2018 година. Тие првично беа протест против зголемените цени на горивото, па затоа како симбол на движењето беа избрани елеците за видливост на возачите. Првиот протест собра околу 282.000 луѓе.
Митинзите се одржуваат за време на викендите од почетокот на јануари 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.