Официјална Москва соопшти дека нема на повидок брз договор во однос на новите преговори за контрола на нуклеарното оружје со САД.

Сè уште нема услови. Сè уште гледам значителни разлики, иако американскиот став е позитивен – изјави заменик министерот Сергеј Рјабков за агенцијата Интерфакс.

Преговорите во Виена за еден од последните важни билатерални договори за вооружување, Новиот СТАРТ, треба да продолжат во понеделник и вторник.

Договорот за ограничување на стратешкото нуклеарно оружје треба да истече за околу шест месеци.

Двете нуклеарни сили веќе преговараа за иднината на договорот во Виена. Засега нема знаци на напредок.

САД инсистираат на тоа и Кина да учествува во преговорите. Кина досега строго одбива да преговара за својот релативно мал нуклеарен арсенал, што постојано се развива.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.