Руското Министерство за здравство во понеделникот информираше дека земјата во текот на изминатите 24 часа регистрирала 8.246 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени изнесува 537.210 лица.

Вкупно, Русија регистрира повеќе од 8000 позитивни случаи на дневно ниво од 2 мај.

Во истиот период, бројот на смртни случаи на коронавирус се зголеми за 143 и достигна 7.091 лице. Во меѓувреме, 53% од пациентите кои се заразиле со новиот вирус, успешно оздравеле од болеста досега.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.