Руските власти соопштија дека во последните 24 часа се регистрирани 25.142 лица заразени со корона вирусот.

Русија веќе една недела бележи и голем број смртни случаи од Ковид-19. Во саботата имаше 697, додека во последното деноноќие имало 663 починати.

Во Москва, каде што е главното жариште на епидемијата, во последните 24 часа починале 111 луѓе, а заразени биле 7.624 луѓе.

Во четвртокот во руската престолнина и другите области почна кампања за ревакцинација за оние кои примиле две дози вакцина против корона вирусот пред повеќе од шест месеци. Властите нудат трета доза на вакцина поради појава на новите мутации на вирусот.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна повторно го повика населението да се вакцинира и додаде дека треба да ги слушаат упатствата на експертите, а не гласините за корона вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.