Роверот на американската вселенска агенција НАСА „Perseverance“ (Истрајност), по седум месеци патување низ вселената, вечерва во 21,56 часот по средноевропско време слета на Марс, сместувајќи се во еден кратер, со што и официјално треба да почне потрагата по докази за древниот микробиолошки живот на Црвената планета.

Инженерите од лабораторијата за реактивен погон на НАСА (JPL) во близина на Лос Анџелес ја добија првата фотографија од Марс.


Кратерот „Езеро“, именуван според едно село во Босна и Херцеговина, е слив широк 45 километри, сместен во северната хемисфера на Марс. Местото се разгледувало за слетување и на претходните мисии, но досега се сметаше дека ќе биде премногу тешко да се слета на него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.