Романија итно ќе воведе нов закон во кој со доживотна казна затвор ќе се казнува силувањето и педофилијата, изјави премиерката Виорика Данчила.
Данчила ги најавува строгите мерки по случајот со 15- годишното девојче , кое беше киднапирано , силувано и убиено, а полицијата не ги земала за сериозни нејзините повици за помош.
Случајот со девојчето Александра Машечану, која беше убиена на 24 јули , откри многу недостатоци во романскиот полициски и правосуден систем. Убиецот, 65 годишен возач призна дека ја убил Александра, како и уште една 18 годишна девоја , која исчезнала во април.
Нулта толеранција за недостиг на човечност и непочитување на граѓаните – рече премиерката, најавувајќи ги законските измени.
Осудените педофили и силувачи сега се казнуваат со 7 односно 12 години затвор , а може да добијат максимална казна од 18 години, доколку ја убијат жртвата.
Несреќната Александра дури три пати ја повикала полицијата, им објаснила каде е однесена и дека ќе ја убие возачот, но на полицајците им требало 19 часа за да ја лоцираат, но предоцна. Нашле само остатоци од нејзиното запалено тело.
Овој случај доведе до оставка на министерите за образование и за внатрешни работи, отказ на шефот на полицијата и на други лица кои не реагирале на време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.