Во Романија, во последните 24 часа се потврдени 4.026 нови случаи на коронавирус, што е трет ден по ред дневниот број на новоизаразени да надминува 4.000 случаи, објави кризниот штаб на романската влада.
Уште 75 лица починале во текот на изминатото деноноќие, пренесува агенцијата Agerpress.
Од последниот пресек, тестирани се 30.325 лица.
Од почетокот на епидемијата во Романија, заразени се 172.516 лица, од кои 5.749 починале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.