Поранешната специјална обвинителка на Романија Лаура Ковеси ќе биде првиот јавен обвинител на Европската унија, откако на денешното тајно гласање доби поддршка од 17 од 22 евроамбасадори.

Ковеси, која во јуни 2018 беше отпуштена од функцијата шефица на Националниот антикорупциски директорат на Романија, ќе ја води новоформираната Канцеларија на европскиот јавен обвинител. Европскиот парламент претходно ја поддржа Ковеси, додека Европскиот совет, наводно под притисок од Романија, го преферираше Французинот Жан-Франсоа Бонер.

Романската влада се спротивстави на изборот на Ковеси и на романскиот амбасадор му наложи да гласа против.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.