Поплавата која се случи во Рим е главна тема во медиумите. Невремето за кратко ги претворило улиците во реки, пожарникарите интервенирале да се спасат 40 децаод поплавена градинка, а еден возач инвалид бил спасен од автомобилот кој завршил во поплавен премин.

Службите за помош и интервенција биле бомбардирани со повици од граѓани, а истовремено социјалните мрежи биле преплавени со фотографии и снимки од невремето.

Многу улици личеле на реки чии бранови ги нишаат контејнерите со отпад, моторите, а на влезот во една спортска сала се направил мал водопад.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.