Рибарите во Мјанмар пронашле вреќи со дрога вредна 18 милиони евра – кристален метамфетамин, пренесува АФП, повикувајќи се на официјална изјава.

Во Андаманското Море по должина на брегот на Мјанмар лебделе 23 вреќи со дрога. Во секоја вреќа имало пластични кеси со ознака „Кинески зелен чај“.

Тоа е амбалажа што најчесто ја користат бандите од Југоисточна Азија за шверц на кристален метамфетамин до далечни дестинации, вклучувајќи ги Јапонија, Јужна Кореја и Австралија.

Рибарите кои ја нашле дрогата сметале дека е дезодоранс, се намачкале со кристали, добиле изгореници на кожата и изгубиле свест.

Веднаш потоа, тие повикале полиција која пронашла уште две вреќи. Вкупната количина на пронајдена дрога е 691 килограм, со пазарна вредност од 20,2 милиони американски долари или 18,09 милиони евра.

Никогаш не сум видел дрога како лебди во океанот – рекол локален претставник на партијата Национална лига за демократија, кој им помагал на рибарите и полицијата.

Полицијата во Мјанмар не соопштила за што станува збор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.