Во првите два месеца од 2021 година, активноста на производствените капацитети и прометот во трговијата на мало во Кина бележат раст, што е над очекувањата и за многумина од експертите е забрзано опоравување на економијата по ланското парализирање поради пандемијата на Ковид-19.
Според податоците на кинескиот Државен завод за статистика, индустриското производство во јануари и во февруари е пораснато за 35,1 отсто, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Продажбата на мало бележи раст од 33,8 проценти што, исто така, е побрзо од предвидувањата и значително над „скокот“ од 4,6 отсто во декември.
Способноста на Кина да ја запре пандемијата на Ковид-19 пред другите големи светски економии во голема мера го овозможи економското закрепнување. Кинеската економија лани беше единствена во светот што забележа годишен раст од 2,3 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.