Лидерот на републиканците во Сенатот на САД, Мич МекКонел, ја повика американската администрација да преземе итни мерки за да ја запре офанзивата на талибанците против авганистанскиот главен град Кабул.

МекКонел истакна дека не треба да се размислува да се изведат и воздушни напади.

Не е предоцна да се запрат талибанците да го опустошат Кабул. Администрацијата мора брзо да дејствува и да изврши воздушни напади против талибанците што напредуваат, да обезбеди критична поддршка за авганистанските национални одбранбени сили кои го бранат главниот град и да спречи пад на градот, нешто што во моментов изгледа неизбежно – изјави МекКонел.

Тој додаде дека во спротивно, „заканата по безбедноста на САД дефинитивно ќе се зголеми, а хуманитарните загуби за невините Авганистанци ќе бидат катастрофални.

МекКонел истакна дека за ова прашање разговарал со авганистанскиот амбасадор во Вашингтон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.