Неколку највлијателни италијански медиуми пишуваат дека лидерот на партијата „Италија Вива“ Матео Ренци, кој во изминатиот еден месец се заканува со распаѓање на Владата, по телефонскиот разговор со шефот на државата Серџо Матарела одлучил, засега, да се откаже од своите намери.
Ренци се согласил да се усвои т.н. „План за обнова“, документ за распределба на 209 милијарди евра кои ЕУ ги намени за Италија за закрепнување од здравствената и економската криза.
Тој изјави дека се „согласува Планот да биде усвоен“, но ниту потврди, ниту демантира дека телефонски разговарал со Матарела и оти тоа е причината што во рок од 24 часа ја сменил својата ултимативна одлука.
Медиумите пишуваат дека италијанскиот претседател „не се мешал во политичките одлуки, бидејќи тоа не е негова работа“, но сугерирал што треба да биде приоритено за политиката во овој момент.
Матео Ренци, некогашен премиер на Италија, е лидер на малата партија „Италија Вива“, која е дел од коалициската Влада на актуелниот премиер Џузепе Конте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.