Некогашниот италијански премиер Матео Ренци денеска ја напушти владејачката Демократска партија за да формира нова центристичка партија.
Ренци заминувањето го објави на Фејсбук и Твитер откако во интервју за весникот „Република“ го појасни ненадејниот потег.
Одлучив да ја напуштам Демократската партија и и да изградам нов дом за поинакво водење политика – напиша Ренци.
Политичките аналитичари велат дека некогашниот премиер неодамна се врати во центарот на италијанската политика, користејќи го парламентарно влијание за да изврши притисок врз коалицискиот договор меѓу демократите и нивните поранешни архи-ривали во М5С, во последен обид за да се избегнат предвремените избори и одреден триумф на десничарската Лига на Матео Салвини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.