Поранешниот италијански премиер Матео Ренци изјави дека е подготвен за соработка со Движењето „Пет ѕвезди“, доколку таа соработа доведе до конструктивен став кон Европа.
Треба да се обидеме и да формираме влада, доколку е тоа можно- изјави Ренци за телевизијата Франс2.
Ренци се појавува во јавноста само ден по оставката на италијанскиот премиер Џузепе Конте.
Политичарите од Движењето „пет ѕвезди“ и Демократската партија на Ренци отворено разговараат за формирање коалиција која треба партијата Лига, на Матео Салвини, да ја испрати во опозиција, пренесуваат британските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.