Во последните 24 часа во Русија се регистрирани 5.110 нови случаи на заразени со корона вирус. Тоа е рекорден број на новозаболени од 15 август.

Како што соопшти кризниот штаб, во последните 24 часа починал 121 пациент од последиците на инфекцијата со Ковид-19, што е повеќе од вчера кога починале 114 лица.

Досега во Русија епидемијата на корона вирусот зема 17.649 животи.

Се излекувале 832.747 заболени, од кои 5.812 во текот на последните 24 часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.