Австрија бележи нов рекорден број на нови случаи на корона вирус. Во последните 24 часа се регистрирани 4.453 нови инфекции.
Исто така забележан е најголем број смртни случаи на дневно ниво – починале 29 лица, така што вкупниот број на смртни случаи достигна 1.056.
Од почетокот на епидемијата во Австрија, 94.904 лица биле тестирани позитивно на корона вирус.
Поради драматичното зголемување на бројот на нови пациенти, австриската влада се подготвува да преземе нови мерки и се шпекулира дека може да го следи примерот на соседна Германија и повторно да воведе карантин, но овојпат „лесна“ варијанта, во која продавниците ќе останат отворени, но не и угостителските објекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.