Во САД во последните 24 часа се регистрирани рекордни 20.869 нови случаи на заболени од ковид-19, со што вкупниот број заразени во оваа држава достигна дури 1.457.593 случаи, соопшти американскиот центар за превенција од болести.
Во последното деноноќие во САД се регистрирани 1.701 починати од последици од КОВИД 19. Досега се регистрирани 86.912 починати.
Во светот досега од корона вирус се заразија 4, 4 милиони луѓе, а починаа 302.000 луѓе.
Епидемијата предизвикана од корона вирус, речиси три месеци не стивнува, иако земјите во светот ги олабавуваат епидемиолошките мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.