Матичната компанија на „Гугл“, „Алфабет“ ја зголемила продажбата на реклами на популарниот пребарувач во третиот квартал, успешно надминувајќи ги новите ограничувања за следење на мобилните корисници и искористувајќи ја континуираната популарност на онлајн купувањето.
„Гугл“ продава најмногу онлајн реклами со помош на пребарувачи, видео услуги на „Јутјуб“ и партнерства на интернет, а побарувачката за неговите услуги се зголемила во пандемијата во 2020 година бидејќи луѓето поминуваа повеќе време на интернет.
Приходите од реклами на „Гугл“ се зголемија за 41 отсто во периодот од јули до септември, на 53,1 милијарди долари. Вкупниот приход на „Aлфабет“ беше 65,1 милијарди долари. Нето добивката на „Aлфабет“ се зголемил за 68,7 отсто, на 18,936 милијарди долари и е најголема од основањето на компанијата. Оперативниот профит се зголемил речиси двојно, на 21 милијарда долари.
Приходите од „Гугл Клаауд“, кои заостануваат зад „Амазон“ и „Мајкрософт“ во однос на пазарниот удел во услугата облак, ги зголемиле приходите за 45 отсто, на 4,99 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.