Во Австралија се забележани рекордни, 501 случај на заразени со ковид-19 во еден ден, што е најлош ден од почетокот на епидемијата.

Претходниот рекорд изнесуваше 469 новозаразени на 28 март. Само во сојузната држава Викторија, чиј главен град е Мелбурн, се потврдени 484 нови случаи на зараза. Од денеска жителите на Мелбурн мора да носат маска кога излегуваат од дома.

Во Викторија досега има над 6.700 случаи на коронавирус, повеќе од половина од вкупната бројка во Австралија, а здравствените власти предупредуваа дека таа цифра може да продолжи да се зголемува.

Во соседниот Нов Јужен Велс, денеска се пријавени 16 нови заразени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.