Во Полска денеска се забележани 794 смртни случаи поради последици од корона вирусот, што е најголем број умрени во еден ден во четвртиот бран од пандемијата..
Сепак, бројката може да е толку висока поради доцнење на податоците поради божичните празници.
Повеќе од 75 отсто не биле вакцинирани. Мислам дека во моментот сме ан врвот од бранот што се однесува по бројот на починати, вели Валдемар Краска, заменик-министер за здравство, а пренесува Ројтерс.
Полска континуирано бележи висока стапка на дневни инфекции. Денеска имаа 15.571 нови случаи со Ковид-19, што е 13 отсто помалку отколку пред една недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.