Во Русија во последните 24 часа се потврдени нови 21.798 случаи на корона вирус, што е најголем број на инфекции во еден ден.

Како што соопшти Центарот за борба против корона вирусот, ова е четврти ден по ред како бројот на нови случаи е над 20.000.

Во истиот период, од последиците на Ковид-19 починале 256 лица и тоа претежно во московскиот регион.

Од почетокот на пандемијата во Русија, од корона вирус се заразени 1.796.132 лица, а досега починаа 30.793 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.