Во САД е регистриран рекорден број на нови случаи на Ковид-19, откако вчера се впишани над 126.000 новозаразени, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.

Во исто време починале повеќе од 1.000 луѓе.

Ова е четврти ден по ред како бројот на нови случаи во САД надминува 100.000 дневно.

Од почетокот на пандемијата вкупно се заразиле повеќе од 9,8 милиони Американци, а повеќе од 237.000 починале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.