Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) во Москва и неколку други региони уапсила 31 лице, припадници на терористичката организација „Хатиб Тавхид ал Џихад“.

Според соопштението на ФСБ, тие регрутирале нови членови и ги испраќале за Сирија.

ФСБ спровела заедничка акција со Министерството за внатрешни работи и Националната гарда во Москва, Новосибирск, Јакутск, Краснојарск и неколку помали места во регионот Новосибирск, и притоа ги оневозможи активностите на оваа терористичка организација, пренесуваат руските медиуми.

Членовите на ќелиите на „Катиб Таххид ал Џихад“ регрутирале нови членови, ги испраќале во борбените зони, финансирале терористи кои се во Сирија и повикувале на терористички активности.

Како дел од акцијата, меѓудругото, конфискувана е и забранета верска литература, пропаганден видео материјал и банкарски картички.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.