Во Албанија, според денеска соопштените официјални податоци, во последното деноноќие регистрирани се седум нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка сега изнесува 789 лица, кај кои е потврдено присуството на новиот коронавирус.
Од новодијагностицираните пет лица се од Тирана и по еден од Круја и од Кукс.
Од вкупниот број заразени во списокот на оздравени се 519 лица, додека за жал борбата со опасниот вирус и покрај сите напори на лекарите, ја изгубија 31 лице. Моментно во земјата има 239 активни пациенти со коронавирус, поголемиот број од нив со лесна форма и се лекуваат во домашни услови – изјави Еугена Томини од Институтот за јавно здравје.
Имајќи ги во предвид овие податоци, додаде таа, актуелната епидемиолошка ситуација се оценува како стабилна.
Во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи“ хоспитализирани се 31 пациент, што е најмал број досега, од нив седуммина се на интензивна нега.
Досега во Албанија направени се вкупно 8.669 тестирања, заедно со 171 тестирање во последното деноноќие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.