По обилните дождови во последните неколку дена, реките околу бразилската метропола на Амазон, Манаус, достигнаа рекордни нивоа и предизвикаа поплави.
На реката Рио Негро, која се влева во Амазон во близина на Манаус, е забележан највисокиот водостој од 1902 година – 29,98 метри.

Во голема поплава во 2012 година оваа река се искачи на водостој од 29,97 метри. Нивото означено како „сериозна поплава“ е 29 метри, а нивото на водата овој пат се очекува да надмине 30 метри.
Во Манаус од поплавите се погодени повеќе од 24.000 семејства и 15 области, а многу семејства мораа да ги напуштат своите домови.

Делови од пристанишната област и историскиот центар на Манаус се под вода. Водата е навлезена и во продавниците, а го поплавила и главниот пазар.
Поплавите ја погодија речиси целата држава Амазонија, каде се зафатени речиси 60 од 62 општини, а 450.000 лица се погодени од природната катастрофа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.