Речиси 77 проценти од волонтерите што ја примиле руската вакцина против Ковид-19 „Спутник 5“, веќе се вакцинирани и со втората доза.
Какко што соопшти, Дени Логунов, заменик директорот на Институтот „Гамалеја“, што ја разви оваа прва руска вакцина против корона вирусот, првата доза од руската вакцина „Спутник 5“ ја примиле 26.000 волонтери, додека 20.000 волонтери веќе се вакцинирани по вторпат.
На 11 август Русија стана првата земја во светот што регистрира вакцина против корона вирусот. Вакцината е именувана „Спутник 5“, а ја разви Истражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ на руското Министерство за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.