Најмалку 12 припадници на американската војска загинале, а најмалку 15 се повредени во нападот на аеродромот во Кабул, е најновиот црн биланс за американската војска.
Денеска е тежок ден – изјави на брифинг генералот Кенет „Френк“ Мекензи, шеф на американската Централна команда.
Мекензи информира дека во нападот учествувале двајца бомбаши самоубијци, по што вооружени лица отвориле оган.
Денеска имаше најмалку две експлозии во близина на порта на аеродромот во Кабул. Нападите се случиле додека САД и другите земји изведуваат френетична евакуација на луѓето пред крајниот рок за повлекување на 31 август.
Пред денешниот напад, последен пат кога американски војници загинаа во Авганистан беше во февруари 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.