Бројот за загинати работници во експлозијата во рудник во Турција постојано се зголемува. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу потврди дека досега се загинати најмалку 40 работници.

„Имаме 40 мртви. Во болниците има 11 повредени, од кои шест во градските болници Кам и Сакура, а тројца во државната болница Бартин, двајца се во приватни болници. Едно повредено лице е пуштено од болница“,

рече Сојлу, кој беше на местото на несреќата.

Сојлу додаде дека 58 рудари се спасени од вкупно 110.

„Неизвесно е што се случува со еден од нашите рудари, потрагата и спасувањето моментално е во тек“,

додаде Сојлу.
Експлозијата се случила на 300 метри под земја во рудник за јаглен во црноморската крајбрежна провинција Бартин вчера во 18:15 часот по локално време.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Твитер напиша: „Посакуваме загубата на животи да не биде поголема и нашите рудари да бидат спасени живи и здрави“.

На првите слики што ги објавија турските медиуми од влезот во рудникот се спасувачки и медицински екипи, како и членови на семејствата на затрупаните рудари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.