Бројот на жртвите на ураганските ветрови кои во саботата ја зафатија централна Италија се зголеми на четири, а меѓу жртвите е и еден тинејџер., пренесуваат медиумите.
Четиринаесетгодишно момче загинало држејќи му ги скалите на неговиот татко кој се качувал на покривот за да ја поправи штетата од ветрот на нивниот дом во Капена, недалеку од Рим. Во силниот налет на ветрот таткото паднал врз синот кој загинал на самото место.
Двајца 70-годишници загинале во Фросиноне при уривање на ѕид, а еден 45-годишник загинал кога врз неговиот автомобил паднало дрво.
Силниот ветер предизвикал проблеми во главниот град на Италија, принудувајќи ги градските власти за посетителите да го затворат археолошкиот парк на римскиот Колосеум.
Незапаметено силен ветер дувал и во другите делови на Италија. Во јужниот регион Абруѕо паднал снег, што е реткост за оваа област.
Поради високите бранови во пристанишниот град Бари, во покраината Апулија, се насукал товарен брод. Поради временските непогоди, неговото отсукување е одложено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.