Уште 41 лице на крузерот во Јапонија се заболени од новиот коронавирус, со што вкупниот број на заразени се искачи на 61. Патниците се во карантин, а тестирањето продолжува, јави „Ројтерс“.
Крузерот „Дајмонд принцес“ со околу 3.700 патници, меѓу кои и тројца македонски државјани, се наоѓа во двонеделен карантин на јапонското пристаниште Јокохама од понеделникот откако кај еден патник кој се симнал во Хонгконг бил дијагностициран вирусот.
„Половина од новите случаи се Јапонци“, изјави министерот за здравство на Јапонија, Кацунобу Канто.
Пациентите ќе бидат пренесени во болниците во Токио и околните градови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.