Бројот на загинати во несреќата во сибирскиот рудник денеска се зголеми на 52, пренесоа руските новински агенции. Меѓу загинатите има 46 рудари и 6 спасувачи.
Локално истражно тело отвори истрага за „прекршување на безбедносните стандарди”. Од таму синоќа соопштија дека се уапсени директорот на рудникот, неговиот заменик и одговорните за областа каде што се случила несреќата.
– Тоа е огромна трагедија – изјави рускиот претседател Владимир Путин, оддавајќи им почит на службите за итни случаи, кои, според него, дале се од себе.
Инаку, властите соопштија дека околу 8 часот добиле пријава за чад во рудникот Листвиајнаја во градот Грамотејно, во сибирскиот регион Кемерово, каде што се наоѓаат бројни рудници за јаглен.
Според локалните медиуми, во моментот на несреќата во рудникот имало 285 лица. Рудникот е во сопственост на компанијата СДС-Угол, една од најголемите руски производители на јаглен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.