Бројот на загинати во циклонот Булбул во Бангладеш се зголеми на 12 лица, а петмина рибари се уште се водат како исчезнати, соопштија денеска официјални претставници на земјата.
Повеќето од жртвите одбиле да бидат евакуирани и настрадале откако врз нив паднале дрвја поради силниот ветер.
Еден рибар се удави, а петмина се водат како исчезнати откако вчера нивните чамци се превртеле поради силниот ветер и водната струја.
Властите соопштија дека се спасени 30 рибари, кои исто така се воделе како исчезнати.
Околу 6.000 домови се делумно или целосно оштетени. Засега не е пријавена поголема штета во камповите во југоисточниот дел на Бангладеш, каде живеат стотици илјади бегалци од Мјанмар.
Како што се наведува, брод денеска ќе замине кон островот Сан Мартин, каде останале 1.200 главно локални туристи, кои не успеале да се евакуираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.