Според студијата на “Еурофанд“, нарачана од Европската комисија, бројот на мажи кои земале породилно отсуство во земјите од ЕУ по раѓањето на нивните деца е во постојан пораст во последните десет години, јави дописничката на МИА од Брисел.
Во извештајот на Европската фондација за подобрување на условите на живот и на работа – Еурофанд се анализираат состојбите во Унијата во поглед на породилното отсуство кај мажите, откако беше усвоена нова директива кое го прави задолжително во целата ЕУ.
Сепак и покрај растечкиот број на мажи кои се одлучуваат да останат со детето по породувањето на мајката, еднаквата поделба на домашните обврски останува слаба кај сите земји членки на ЕУ.
Извештајот исто така нотира дека иако породилното отсуство за татковците е генерално добро платено, тоа останува и натаму премногу кусо и дека сѐ уште недоволно се користи и покрај растот на бројките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.