Расте бројот на хоспитализирани деца во Јужна Африка.
Вчера во Јужноафриканската Република биле регистрирани 11.535 нови инфекции, пет пати повеќе одошто пред една недела, а најголем број отпаѓаат на заразени во провинцијата Гаутенг.
Бројот на новоинфицирани расте со многу побрзо темпо отколку при претходните три корона-бранови, посебно во провинцијата Гаутенг со метрополите Јоханесбург и Преторија. Првото жариште на заразата беше еден универзитет, а оттаму вирусот брзо се рашири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.