Во периодот помеѓу 29 август и 4 септември во Белгија се бележи раст на бројот на позитивни на корона вирусот.

Во овој период имало во просек 479,4 новозаразени дневно.

Стапката се зголемила за седум отсто во споредба со претходната недела, откако три дена по ред расте во просек бројот на новозаразени со вирусот.

Вкупниот број заразени во земјата изнесува 88.769 лица. затоа, пак, се намалува бројот на хоспитализации, како и бројот на смртни случаи, со пад од 28 отсто.

Властите одлучија и дека во наредните денови на аеродромот во Брисел ќе бидат достапни тестови за Ковид-19, за цена од 135 евра, резултатите ќе бидат готови во рок од три часа. Поевтини тестови од 67 евра ќе бидат исто така достапни, но за резултатите ќе се чека девет часа.

Овие тестови ќе се прават за патниците кои треба да летаат во зони каде е задолжително приложување на негативен тест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.