Епидемиолошката карта за Европа на ECDC се објавува секоја недела врз основа на инциденцата од 14 дена и процентот на позитивни тестови во вкупниот број тестирани.
Црвената боја значи 14-дневна стапка од 75 до 200 со удел на позитивни поголем од 4 проценти и области каде што стапката на инфицирање од 14 дена е 200 до 500, а темноцрвените области значат стапка од 14 дена поголема од 500.
Цела Грција е во црвена или темноцрвена боја, додека Кипар е во темноцрвена боја. Цела Португалија е обележана со црвено, додека во Франција и Шпанија нема регион што не е со црвено, темноцрвено или портокалово. Јужна и централна Италија се со црвена боја, додека повеќето други италијански региони се со портокалова боја.
Updated 🚦 maps are online!
These maps aim to support the @EUCouncil recommendation on travel measures in the EU during #COVID19 pandemic.
Color-blind friendly map in the next tweet.https://t.co/CcBVx6B0o5 pic.twitter.com/kc6v9vQXEX
— ECDC (@ECDC_EU) September 2, 2021
Кои земји котираат најдобро?
Најдобрите на мапата на ECDC се Унгарија, Чешка, Полска, Словачка и Романија, кои се зелени. Соседна Бугарија е во црвено.
Зелени на картата на ECDC се региони во кои стапката на инфекција од 14 дена на 100.000 население е помала од 50, а процентот на позитивни за COVID-19 од тестираните е помал од четири проценти, или инциденцата од 14 дена е помала од 75, а учеството на позитивните е помало од еден процент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.