Од почетокот на мерките за ограничување во Франција, телефонската линија „Ало деца во опасност” регистрирала за 20 отсто повеќе јавувања.

Државниот секретар за заштита на детството, Адриан Taкe, соопшти дека повиците на бројот 119, кои се сметаат за итни се зголемени дури за 60 отсто.

Знаеме дека мерките на ограничување се поволни за насилството. Сепак, можеше да се стравува дека тој период ќе биде и понеповолен за пријавување на проблематични ситуации, од една страна затоа што децата жртви на насилството беа дома со родителите, а од друга страна затоа што наставниците или другите спортски тренери веќе не беа во можност да алармираат на забележани знаци на насилство – истакна државниот секретар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.