Продажбата на цигари на светско ниво, драстично се зголеми првпат по две десетлетија. Имено, од почетокот на пандемијата на Ковид-19, забележано е зголемување на употребата на тутунски производи, покажуваат податоците на Федералната трговска комисија во САД.
Производителите на цигари лани продале 203,7 милијарди цигари, а 202,9 милијарди во 2019 година, што е зголемување од околу 0,4 отсто.
Средствата за рекламирање и промоција на тутун исто така се зголемиле на 7,84 милијарди долари во 2020 година, во однос на 7,624 милијарди долари претходната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.