Руските региони ширум земјата ја добија рвата пратка од пилот-серијата на руската вакцина против корона вирусот, наменета за ризичните групи.

Првата група од вакцината „Спутник 5“, развиена од националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја “ на руското Министерство за здравство, е испратена во регионите – соопштија од руското министерство за здравство.

На 11 август Русија стана првата земја во светот што регистрира вакцина против корона вирусот и ја нарече „Спутник 5“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.