Американска воена база во сириската провинција Деир ел-Зор е ракетирана, објави сириската државна телевизија.
Спутник пренесува дека воени авиони патролираат во областа на базата.
Претходно, Пентагон објави дека Соединетите Американски Држави извршиле воздушни напади врз објекти на проирански бунтовнички групи во пограничната област на Ирак и Сирија.
Нападите беа извршени за да се отстранат заканите и како одговор на серија напади насочени кон „интересите на Соединетите држави“ во Ирак. Пентагон нагласи дека нападите биле извршени врз складишта за оружје и оперативни објекти што ги користеле неколку групи, вклучувајќи ги Катаиб Хезболах и Катаиб Саид ел Шухада.
Од своја страна, сириското Министерство за надворешни работи ги осуди овие напади, наведувајќи дека ваквите активности го нарушуваат суверенитетот на Сирија и Ирак и го повика Вашингтон веднаш да се откаже од нарушувањето на територијалниот интегритет на земјата.
Footage circulating appears to show rocket fire targeting the military base at al-Omar earlier this evening. The US has reportedly struck the launch positions already. pic.twitter.com/q59LSRfEbw
— Kyle Glen (@KyleJGlen) June 28, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.