Бенјамин Нетанјаху држеше предизборен митинг кога се огласија сирените за ракетен напад од појасот Газа.

Нетанјаху не беше повреден, а неколку минути подоцна го продолжи својот говор, кој се пренесуваше во живо на социјалните мрежи на десничарската партија Ликуд на Нетанјаху.

Сепак, една недела пред изборите, отстранувањето на премиер од сцената оди во корист на политичките противници кои тврдат дека Нетанјаху не сторил доволно за да ги спречи честите ракетни напади врз Израел.

Израелската армија соопшти дека биле истрелани две ракети од појасот Газа кон Ашдод, каде се одржувал предизборниот митинг, и кон друго пристаниште Ашкелон, јужно од Ашдод. Ракетите го пресретнал израелскиот противракетен систем „Железна купола”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.