Радован Караџиќ е осуден на доживотна казна затвор. Воениот злосторник и поранешен претседател на Република Српска, денеска е осуден на доживотна казна затвори пред Жалбениот совет Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (наследник на Хашкиот трибунал).

Жалбениот совет ја изрече пресудата откако еден час ги образложуваше одлуките по жалбите поднесени од Караџиќ и од обвинителството.

Со провостепената пресуда изречена од Хашкиот трибуна во 2016 година на Караџиќ му беше пресудена затворска казна во траење од 40 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.