Работниот век на населението во Европската унија постаро од 15 години во 2019 година, според проценките на агенцијата Евростат, во просек изнесува 35,9 години. Тоа е за 0,2 години подолго од просекот во 2008 година и 3,6 години подолг од 2000 година.
Според проценките работниот век на машката популација во ЕУ минатата година изнесувал 38,3 години а кај женската популација 33,4 години. Просечната должина на работниот век меѓу земјите на унијата се движи од 32 години во Италија до 42 години во Шведска.
Во анализата се вели дека овој опсег е уште поголем во Европа во однос на земјите кои не се членки на унијата и дека се движи од 29,3 години во Турција до 45,8 години во Исланд.
Меѓу членките на ЕУ, Шведска и Холандија имаа најдолг работен век минатата година (42 и 41 година), а потоа следат Данска (40), Германија (39,1) и Естонија (39 години).
Од друга страна, најкратко работеле Италијанците (32 години), Хрватите (32,5), Грците (33,2), Белгијците и Полјаците (33,6 години секој).
Најголем пораст на работниот век во однос на 2000 година е забележано во Малта, за 7,6 години, а потоа следат Унгарија (6,9 години) и Естонија (5,6 години), а најниско во Данска (1,7 години) и Грција (1,8 години). Само во Романија, регистрирано е 2,2-годишно намалување на работниот век, се вели во извештајот на Евростат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.