Голем дел од речиси 2.000 работници кои ја завршувале ноќната смена во фабрика Вистрон која производува делови за Ајфон во Нарсапура во Индија, на излегување почнале да кршат низ канцелариите и погоните, а дел од нив запалиле и службени возила. За сега штетата се проценува на седум милиони долари.

Инцидентот се случил поради константно намалување на платите на вработените.

На дипломиран инженер му беше ветена плата од 286 долари месечно, потоа беше намалена на 218 долари, па последниве месеци на 163 долари. На тие што немаат дипломирано за инженер, платите им беа симнати на 109 долари. Платите што ги добивавме на сметка постојано се намалуваа и тоа фрустрираше. Некои вработени тврдат дека добиле месечни плати од само 6,8 долари – „Тајмс оф Индија“ пренесува сведоштво на вработените.

Индија е особен проблем за „Епл“. Земјата го има вториот по големина пазар за смартфони во светот (зад Кина), меѓутоа „Епл“ таму има само 3% пазарен удел.

Еден од начините на кои компанијата се обидува да го коригира тоа е да ја намали цената на своите уреди произведувајќи ги локално во Индија, со што се избегнуваат и високите давачки што земјата ги има за производи увезени од Кина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.