Сана Марин, 34-годишната премиерка на Финска и една од најмладите шефови на влади во светот, во новогодишната порака им порача на граѓаните дека силата на Финска лежи во „нејзините грашани и нивното знаење“, нагласувајќи дека образованието игра клучна улога во успехот на оваа скандинавска земја.

Ги потсети дека со одлука на Владата која стапи на сила од 1 јануари се зголеми примањата кај околу 70 отсто Финци.

Силата на општеството и државата не се мери со богатството на нивните најбогати членови, туку по тоа колку се најзагрозените граѓани во состојба да се носат со предизвиците и проблемите, рече Марин.

Истакна дека многу е важно државата да овозможи услови за секој свој граѓанин да живее достоинствено и квалитетно.

Затоа себеси секогаш во својата работа треба да си го поставиме прашањето дали секој во општеството има можност да води достоинствен живот, додаде премиерката.

Марин повика да се воведе флексибилен работен распоред, кој ќе се состои од четири работни дена неделно и шест работни часа дневно.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.