Германската канцеларка, Ангела Меркел, жената која ја води една од најмоќните држави во светот, не живее во некоја резиденција опкружена со слуги.
Меркел живее под кирија во стан во Берлин заедно со нејзиниот сопруг. Секој месец уредно си ги плаќа сметките за струја, вода, телефонот, интернетот, ТВ и претплатите на магазините и весниците.
Канцеларката пазари во маркет и нема некој луксузен автомобил или скапа облека.
Ангела Меркел зборува неколку странски јазици, но и покрај тоа што ја води Владата на третата најмоќна економија во светот, останала „со нозете на земја“ и живее скромен живот.
Се сеќавам дека сум те сликал со истата облека и пред неколку години – и кажа неодамна еден германски фоторепортер.
На таквиот коментар Меркле даде многу едноставен одговор.
Мојата работа е да му служам на народот, јас не сум топ модел – истакна Меркел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.