Загрижен за зголемената популарност на рапот меѓу руската младина, рускиот претседател Владимир Путин побара од службениците во одделот за култура да развијат алатки за контрола на истата, наместо да ја забранат популарна музика.

На вчерашната средба со советниците за култура во Кремљ, Путин рече дека обидите за забрана на изведувачите ќе имаат негативен ефект и ќе ја зајакнат нивната популарност, објави АП.

“Ако тоа не може да се запре, тогаш мораме да ја управуваме и насочуваме”, рече рускиот претседател.

Тој рече дека “рапот се темели на три столба: секс, дрога и протест” и додаде дека “ова е патот кон деградацијата на нацијата”. Путин исто така додаде дека “наркотичната пропаганда” е полоша од пцуењето.

Неговите коментари дојдоа во време на руските мерки против современата музика која потсетува на цензура во уметноста од советското време. Неодамна во Русија беа откажани неколку настапи на рап изведувачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.