Рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање пред Парламентот на 15 јануари најголемо внимание ќе посвети на прашањето за зголемување на приходите на руските граѓани, јави агенцијата ТАСС

Јас се подготвувам за говорот на 15 јануари – изјави Путин во интервју за агенцијата, без да каже детали за содржината на говорот, со образложение дека сè уште работи на тоа.

Путин рече дека размислува за надминување на стагнацијата на приходите на граѓаните, намалување на бројот на луѓе кои живеат на минимална плата, како и за намалување на сиромаштијата.

Мора да се донесат одлуки за ова. Загрижени сме, јас сум многу загрижен поради стагнацијата на реалните приходи на граѓаните – истакна рускиот претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.